Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас победи на трката за Големата награда на Русија, која се возеше на патеката во Сочи. Ботас во Русија победи пред двоецот на Ферари, Себастијан Фетел и Кими Раиконен.
Валтери Ботас во Сочи ја оствари првата победа во кариерата. Финецот (27), трката ја започна од третата позиција, но уште на стартот, во вториот свиок успеа да ги мине возачите на Ферари, Раиконен и Фетел, кој ја имаше пол позицијата.
До крајот на трката Ботас не беше во водство само три круга, односно во моментот кога Фетел сеуште не беше на менување на пневматиците.
Покрај одличниот настап на Ботас, трката во Русија ја обележа и неговиот колега Луис Хамилтон. Британецот, имаше лош викенд, квалификациите ги заврши на четвртото место, а на самата трка, благодарение и на сопствените грешки не успеа во ниту еден момент да ги загрози ривалите кои беа пред него.
Покрај првите четворица бодови во Сочи освоија уште Ферстапен, Перес, Окон, Хилкенберг, Маса и Синс јуниор.
По четири трки во првенството на Формула 1 лидер е Фетел со 86 бодови, 13 повеќе од Хамилтон.
„Најбрзиот циркус“ ќе продолжи за две недели, кога ќе се вози Големата награда на Шпанија, во Каталуња.
Реакции после трката:
Ботас ( Мерцедес)
Ова е невероватно. Ми требеше доста време да стигнам до првата победа во мојата кариера, но вредеше да се чека. Зимата ми се даде голема шанса да бидам дел од ваков шампински тим, која искрено не ја очекував. Затоа сакам на сите да им се заблагодарам иако за мене имав наочекуван старт на сезоната. Борбата со Ферари и денес беше на граница, но сепак издржав на првото место. Мислам дека Фетел не стискаше до крај и одеше на сигурно затоа не треба да не зафати еуфорија. Мораме уште повеќе да притискаме но во моментов сум задоволен.
Себастијан Фетел (Ферари)
Стартот ми беше скоро идентичен со Ботас но заветрина му даде предност. Пробав да се одбранам од внатрешната страна но до моментот на кочење тој веќе беше пред мене. Ботас направи добра работа со стартот и првиот стинт и тука ја доби трката. Во самата трка беше извонреден и заслужи да биде прогласен за возач на денот. И во оваа трка болидот беше “послушен“ но на крајот на трката не сакав да ризикувам. Продолжуваме со исто темпо.
Кими Раиконен (Ферари)
Генерално, овај викенд беше многу подобар за мене отколку првите три трки. Кога притискав го добивав она што го сакав во однос на брзината. Трката е одлучена на стартот, а мојот беше доста лош. После тоа дадов све од себе но успеав само да ја задржам истата позиција. Задоволен сум со подиумот но разочарам сум што на стартот изгубив позиција наместо да добијам. Мораме да продолжиме со работа затоа што малите детали можад да дадат големи придобивки. Среќен сум за првата победа на Ботас и сигурен сум дека има голема иднина.
Луис Хамилтон (Мерцедес)
Прво големи честитки за Ботас. Цел викенд добро го сработи. Едноставно беше најбрз. Тоа е добро за тимот. Што се однесува до мене, одма после еден или два кругови почнав да заглавувам и знаев што ме чека. Незнам ни што ќе беше ако бев понапред и дали ќе издржев и на кое место ќе застанев. Едноставно не бев доволно брз и ќе мораме да поработиме на причините. Со текот на трката сватив зошто ја губам брзината. Се на се треба да сме задоволни.
OhridNews