После 36 години акционерите на Мекларен донесоа одлука Рон Денис да биде тргнат од сите функции кои ги има во овој тим, додека не му истекне договорот до јануари 2017 година. Она што ќе го задржи е местото во управниот одбор на тркачкиот тим и техничкиот оддел, само заради тоа што и самиот има одредени акции во овие компании.

Рон моментално е сопственик на 25% од акциите во Мекларен Груп, а другите 25% се на долгогодишниот партнер Мансоур Оје, а останатите 50% припаѓаат на бахреинскиот фонд Мумталакат.

На сега веќе поранешниот шеф на британскиот тим најмногу му се замери за лошите резултати последните две години, откако Мекларен склучи договор со Хонда за моторите на тимот. Одлуката беше баш Британецот, а моторите се покажаа без доволно сила и издржливост за Мекларен да се бори со водечките тимови во шампионатот.

OhridNews