Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон ќе стартува од првата позиција на патеката во Шангај за големата награда на Кина.
Британецот во редовите на Мерцедес ја освои 63-та пол позиција во кариерата пред ривалот од Ферари, Себастијан Фетел, тимскиот колега Валтери Ботас и вториот пилот во Ферари, Кими Раиконен.
Во првите два квалификациски циклуси Фетел и Раиконен ги чуваа двете позиции, но „сребрените стрели“ во завршните кругови ги раздвоија пилотите од Ферари и ги поместија од првите позиции.
Најголем губитник во квалификациите за втората трка сезонава е Марк Верстапен кој борбата за што подобра позиција ја заврши во првиот циклус.
Големата награда на Кина на програмата е утре претпладна со почеток во 8 часот.
Пласман:
1. Луис Хамилтон (Мерцедес)
2. Себастијан Фетел (Ферари)
3. Валтери Ботгас (Мерцедес)
4. Кими Раиконен (Ферари)
5. Даниел Рикардо (Ред Бул)
6. Филипе Маса (Вилијамс)
7. Нико Хулкенберг (Рено)
8. Серхио Перез (Форс Индијана)
9. Данил Квит (Торо Росо)
10. Ленс Строл (Вилијамс)
OhridNews