Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон ќе стартува од првата позиција на патеката Монца за големата награда на Италија.


Хамилтон доминираше во квалификациите и без никакви проблеми и конкуренција ја освои стартната позиција.

Од втората позиција ќе тргне Нико Розберг кој имаше второ најдобро време во квалификациите.

Во вториот ред на стартот се пласираа Себастијан Фетел и Кими Раиконен од Феради додека на третиот се најдоа Валтери Ботас и Даниел Рикиардо.

Пред стартот на трката Хамилтон има 232 бодови, а второпласираниот Розберг има девет помалку и токму помеѓу овие двајца пилоти ќе се води битката за титулата.

OhridNews