Бранителот на трофејот и пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон ќе стартува од првата позиција во Мелбурн за големата награда на Австралија која ќе означи почеток на новата сезона во Формула 1.
До шестата едно подруго пол позиција во Мелбурн, Хамилтон стигна со најбрз круг во историјата на патеката. Британецот заврши пред тимскиот колега Валтери Ботас и големиот ривал од Ферари, Себастијан Фетел.
The moment @LewisHamilton…
✅ Took his sixth consecutive #AusGP pole
✅ Equalled the record for most poles (8) at one venue
✅ Blitzed the track record in Melbourne#AusGP ?? #F1 pic.twitter.com/enxH5RMRAt— Formula 1 (@F1) March 16, 2019
Вториот ред ќе го комплетира Макс Верстапен. Од третиот ќе стартуваат Леклерк од Ферари и Грожан од Хаас. Од 7-та и 8-та ќе тргнат Магнунесе (Хаас) односно Норис (Мекларен), а првите десет ги комплетираат Раиконен (Алфа Ромео) односно Перез (Рејсинг Поин).
Првата трка во новата сезона на програмата е в недела рано на утро во 6 часот.
OhridNews