Основачот на Ред Бул, Дитрих Матешиц, почина по долга и тешка болест на 78-годишна возраст, соопшти денеска Формула 1.
Веста за смртта на Матешиц беше објавена непосредно пред квалификациите за денешната трка за Големата награда на САД на патеката во Остин.
Ова е навистина тежок ден за сите нас, изјави по квалификациите возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен., кој пред две недели ја одбрани титулата светски првак.
Матешиц во 2004 година го ребрендираше Формула 1 тимот Јагуар во Ред Бул, а екипата оттогаш освои шест титули во поединечна конкуренција, четири трофеи за конструктори, со 79 пол – позиции и 89 победи во трките во Ф1.
OhridNews