Пилотот на Мекларен Оскар Пијастри ја освои пол позицијата на во квалификациите за трката за големата награда на Кина, што се вози викендов. Австралијанецот оствари време од 1:31.591 м., втор беше Расел од Мерцедес со задоцнување од 0,082 секунди, а третото место во квалификациите го освои тимскиот колега на Пијастри, Ландо Норис.

Актуелниот шампион Макс Верстапен ќе стартува четврти, а од петрата позиција ќе тргне возачот на Ферари Луис Хамилтони кој вчера триумфираше на спринт трката. Веднаш до него во третиот ред е и вториот возач на тимот од Маранело, Шарл Леклер.

До десеттото место следат Исак Хаџар, Кими Антонели, Јуки Цунода и Александер Албон.

Трката за големата награда на Кина ќе се вози во недела во 8 часот по македонско време.

Г.М.