На оваа патека низ историјата на нејзиното постоење гледачите имале можност да гледаат одлични трки. Таква беше и победата на Сена во 1991 година, додека трките во 2001 и 2003 по влажна патека (што е честа појава овде) изобилуваше со многубројни инциденти.

Патеката Интерлагос го носи името по Хозе Карлос Паче, трагично загинатиот бразилски возач во Формула 1 во авионска несреќа. Изградена е во 1940 година во јужниот дел на Сао Паоло во населбата која се вика Интерлагос ( од каде потекнувал Паче). Населбата го има добиено името по местоположбата која е помеѓу две вештачки езера.

Првата трка за ГН на Бразил прв пат е оддржана во 1973 година, а 1978 е префрлена во Рио де Жанеиро. Следните две трки возени се во Интерлагос, па од 1981 до 1989 повторно се оддржува во Рио. Големата Награда на Бразил во 1990 повторно се врати на Интерлагос каде и до ден денес се вози. На оваа патека најмногу победи има Михаел Шумахер , 4, а општо за ГН Бразил најмногу Прост -6. Од активните возачи Фетел и Маса имаат по 2 додека Раиконен и Хамилтон по една.

Патеката е догла 4309 метри, 15 свиоци, од кои најважен е бр.12 кој се вика Жункао. Излезот од спориот  лев свиок Жункао е важен заради што после него се вози под полн гас све до целта. Претекнувањата се можни во првиот S – Сена свиок и во летвртиот свиок после втор по должина правец Рет Опост.

Патеката не е многу проблематична што се однесува до кочниците, но е голем  потрошувач на гумите. Се возат 71 круг и е во обратна насока од стрелките на часовникот, а рекордот го држи Хуан Пабло Монтоја кој 2004 година еден круг го извози за 1:11.473.

Интересно за патеката интерлагос е и шт при еден круг имаме голема, за овој спорт, промена на надморската височина. Тоа се должи на тоа што патеката е поставена на ридски терен. Токму заради гледачите присутни она оваа патека можат да ја видат скоро целата од едно место.

Старот е  во Недела во 17 часот.

Возете ја патека со Хамилтон.

OhridNews