Тешка патека каде претекнувањето скоро е невозможно, што преставува голема фрустрација за возачите. Единствено место за какви такви шанси за претекнување е првиот свиок после кратката стартно-целна рамнина каде се вози со 290 km/h. Заради ова пол позицијата игра доста голема улога.

Патеката Хунгароринг се наоѓа на дваесетина киометри северисточно до Будимпешта, а првата трка се оддржа 1986 година на која победи Нелсон Пике. Иако картите беа доста скапи сепак 200 000 љубители на овој спорт се собраа на овој настан.

Дефинитивно нај досадната патека, но сепак познати се неколку трки кои беа возбудливи. Во 1990 година Тиери Бутсен го победи Аиртон Сена за 0.3 секунди иако возеше со тогаш многу поспориот Вилијамс. Сена не најден начин да премине на првото место. Трката во 1997 година беше можеби нај интересната во таа сезона.

Дејмон Хил со слабиот Ероус на стартот сензационално помина покрај Жак Вилнев и Михаел Шумахер (двајцата претенденти за титулата таа година), водеше цела трка и на крајот во последниот круг имаше дефект па победи Жак Вилнев. Тогаш се шпекулираше дека Хил, кој една  година пред тоа беше тимски колега на Вилнев намерно ја предал трката.

2009 година беше во сенка  на тешката повреда на Фелипе Маса од Вилијамс, кога на квалификациите во саботата во глава го погоди дел од болидот на Рубенс Баричело, при што Маса се онесвести во возење и удри во заштитната ограда.

На оваа патека најмногу победи има Луис Хамилтон 5, Шумахер 4, Сена 3, а по две имаат Пике, Хил, Вилнев, Хакинен и Батон. Кај тимовите најмногу има Мекларен 11, Вилијамс 7 и Ферари 6.

Утре со старт во 14 часот ќе се возат 70 кругови на патеката долга 4 381 метар, а вкупно ќе се возат 306 километри и 630 метри.

Хунгароринг има две DRS зони, но со едно место на детекција, кое се наоѓа на 5 метри пред последниот свиок. Прво место на активириње е на излез од истиот свиок, при забрзувањето према стартно-целната рамнина. После силното кочење на крајот за влез во првиот свиок, второт место на активирање е на излезот од првиот свиок.

Она што скоро со сигурност може да се каже за утрешниот ден е дека не се очекуваат врнежи, а температурата ќе биде колу 30 степени.

OhridNews