Приказната за ГН на Австрија започнува со локална група на ентузијасти некаде 50-тите години од минатиот век. Во градот Целтвег се направи патека во форма на буквата L. Првата трка, на ваквата патека во рамките на F1, се оддржа 1964 година која преставуваше единствената официјална трка на оваа патека.
Со успехот на Јохан Ринд интересот кај австријците за овај спорт нагло се зголеми и се собраа пари да се направи вистинска F1 патека. Така настана оригиналната патека Oysterah Ring, патеката со прекрасни пејсажи и импресивни свиоци.
Првата трка е возена 1970 година, а победник беше Џеки Икс возач на Ферари. Оваа трка се одржуваше непрекидно до 1987 година, кога после неколку несреќи на патеката, расправиите со локалните фармери околу паркингот, како и генералниот впечаток дека патеката не е безбедна, трката се исфрли од календарот на F1. Така беше до 1997 година кога телеком компанијата A1 одлучи да вложи средства и ја вратија во календарот.
Со новото име , A1 RING, била 7 пати домаќин на најбрзиот циркус на светот. Најмногу се спомнува трката во 2002 година кога Рубенс Баричело ( тогаш Ферари) во последните метри го препушти првото место на тимскиот колега Михаел Шумахер по наредба на Жан Тод тогашниот директор на Ферари.
Патека на на која се вози како ГН на Австрија се вика Ред Бул Ринг, каде сега се возат 71 круг, а еден круг е во должина од 4,318 км, а се возат вкупно 306,452 км. Рекордот на еден круг се` уште е во сопственост на Михаел Шумахер од 2003 година со време 1:08.337. Најмногу победи има Алан Прост, три, а следуваат Рони Петерсон (2), Алан Џонс, Мика Хакинен, Михаел Шумахер и Нико Розберг со по една победа. Во конкуренција на конструктори Мекларен има 6 победи, Ферари 5, а Лотус 4.
За неделната трка, Пирели ќе донесе три типови на пневматици: меки, супер меки и ултра меки. Патеката има 10 свиоци и е многу “напорна“ за сопирачките на болидот. Просечната брзина до мината година беше 230 km/h и во еден круг има 32 пати прешалтување на менувачот.
Сатница:
Сабота:
– Тренинг 11:00
– Квалификации 14:00
Недела:
– Трка 14:00
OhridNews