Само после 48 сати после трката во Бахреин F1 циркусот се префрли во најбројната држава на светот во Кина.

Големата награда на Кина со право го носи епитетот ГОЛЕМА заради тоа што по сите бројки тоа и претставува. Домаќин е патеката во Шангај која се изгрдаи во 2004 година и во тоа време чинеше рекордни 240 милиони долари.  Иначе идејата за оваа патека започна уште од 1990 година кога комунистичката партија посака да го воведе овој спорт на патеката Зухаја на југот на земјата.

Оваа патека дури и влезе во официјалниот календар на F1 но после инспекцијата од страна на Автомобилската Федерација беше исврлена зради не исполнунвање на стандардите за тркање. Заради тоа Кина  беше на листа на чекање се до 2002 година кога кинеската власт објави дека се спрема за градење на патека покрај Шангај и потпишувањето на седум годишниот договор со FOM. Проектот го потпиша славниот Херман Тилке, а првата трка се оддржа 26 септември 2004 година на која победи Рубенс Баричело.

Должината на патеката е 5451 метар со најдолг правец кој се протега помеѓу 13 – тиот и 14 – тиот свиок. Секцијата на технички свиоци во првиот и вториот сектор барааат многу поголем грип заради кој е многу тешко и истовремено интересно да се бара правилното подесување на билидот.

Инспирација за ваквата конфигурација Тилке најде во кинескиот знак шанг кој го развлече и направи вкупно 16 свиоци, а самата патека по проекција е доста широка со големи зони за излетување.

Карактарестики на патеката би биле дека има среден грип, а истите параметри важат и за абразивноста на асфалтот. Тимовите многу ќе се мачат да го постигнат потребниот грип па заради тоа многу ќе страдаат пневматиците. Да биде уште поинтересно, Пирели овај пат се одлучи да прескокне една компонента во својата понуда па за овај викенд донесе медиум, меки и ултра меки пневматици. Објаснување на италијанскиот добавувач на пневматици го даде како желба да направи поголема разлика во круговите.

Утре ќе стартува 15 – тото Гран При, а во предходните 14 изданија сме имале можност да гледаме многу интересни трки. Претпоставуваме дека најдобра тактика ( ако нема безбедносно возило) ќе биде со едно влегување во бокс околу 20-тиот круг со помеката компонента на пневматици но прашање е дали ултра меките можат тоа да го издржат. Ако тргнат со ултра меки, под услов да издржат до 20 – тиот круг, од тука до  крај би оделе со мека компонента или  пак со медиумот.

Но ако тимовите се одлучат да одат на две влегувања со извозување на два пати по 15 кругови со ултра меки пневматици со подолг последен стинт до целта ќе треба да одат со меки. Мора да се нагласи дека за време на 56-те кругови многу повеќе ќе трпат предните пневматици кој ќе се трошат заради честата употреба на сопирачките.

Сето ова би паднало во вода заради променливие временски услови кои ги најавуваат метеоролозите ако погрешат за еден ден стабилизирање кое го  најавуваат баш за недела. Како сето ова кажаното ќе изгледа ќе ни кажат утре во 8 часот у 10 минути кога како прв ќе стартува Фетел, а покрај него тимскиот колега Раиконен, во вториот ред двоецот на Мерцедес Ботас-Хамилтон, пред возачите на Ред Бул Верстапен и Рикардо.

OhridNews