Герменацот заради сопствен непромислен потег во Сингапур ја заврши трката уште во првиот круг. Со себе ги повлече и Раиконен и Верстапен.

Болидот на Ветел во прв момент имаше оштетување само на левата страна со кое можно беше да можеше да ја продолжи трката но во желба побрзо да го затвори Хамилтон на третитот свиок направи уште една почетничка грешка и заради подуправување заврши во заштитниот ѕид и тоа беше крај на трката. Збирот на ваквите околности резултира со 28 бодови предност на Луис и прашање за понатаму колку може Ветел тоа да го надокнади.

Да биде ноќната мора на Ферари поголема се појави сомнежот за тоа дали моторот ќе може Ветел да го користи следниот викенд во Малезија или да се поправа за што би следела казна со неколку места наназад на гридот. Сепак во италијанскиот тим веруваат дека ќе стигнат да го извадат новиот мотор кој бил бил четврт последен за Ветел и Раиконен кој може да се употреби без казна н3о во секој случај и “сингапурскиот“ е спремен.

Од своја страна пак во Мерцедес започнаа грижите заради намалување на конкуретноста на болидот во однос на Ферари. Хамилтон не верува дека тие проблеми би се отстраниле до крајот на сезоната.

И покрај тоа што Хамилтон успеа во Сингапур да победи сепак немаше добар викенд на кој сме навикнати на Мерцедес. Ветел ја освои пол позицијата со преднсот од 0.635 секунди, а возачот на Мерцедес стартуваше од петтата позиција. Од друга страна Валтери Ботас во Монца изјави дека новите делови за моторот немат да бидат спремни за Сингапур и за разлика од Ферари не се спремни за промоција на нов мотор до крај на сезоната.

“Мислам дека патеката во Сингапур ги покажа нашите слабости кои не верувам дека до крајот на сезоната ќе ги отстраниме. На суви услови беше истиот случај и во Монако, така да оваа победа дојде во право време. Затоа мораме да сме присебни и да извлекуваме максимум од секоја трка. И покрај завидната предност јас лично не сум мирен во конечната разврска. Во моментов црвените “летаат“, а следува патека на која се брзински беспрекорни.“  – изјави Хамилтон.

OhridNews