Фелипе Маса ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка за Г.Н. на Монте Карло. Првиот ред ќе го пополни тимскиот колега на Маса, Кими Раиконен кој беше само за 28 делови од секундата послаб од Бразилецот.

Вториот ред им припадна на возачите на Мекларен, Луис Хамилтон и Хеики Ковалаинен. Само да споменеме дека Хамилтон зад Маса заостана за 58 делови од секундата.

Петото место му припадна на возачот на БМВ Заубер, Робер Кубица, а третиот стартен ред го пополна возачот на Вилијамс, Нико Розберг.

Седми беше Фернандо Алонсо од Рено, осми Јарно Трули од Тојота, а деветтото место му припадна на Марк Вебер од Ред Бул Рејсинг. Десетти ќе стартува Дејвид Култхард, кој денес на завршетокот на втората квалификациона сесија имаше незгодно излетување.

Г.Н. НА МОНТЕ КАРЛО – КВАЛИФИКАЦИИ

 П. Возач         Тим                      К1        К2        К3
1. Massa Ferrari (B) 1:15.190 1:15.110 1:15.787
2. Raikkonen Ferrari (B) 1:15.717 1:15.404 1:15.815
3. Hamilton McLaren-Mercedes (B) 1:15.582 1:15.322 1:15.839
4. Kovalainen McLaren-Mercedes (B) 1:15.295 1:15.389 1:16.165
5. Kubica BMW Sauber (B) 1:15.977 1:15.483 1:16.171
6. Rosberg Williams-Toyota (B) 1:15.935 1:15.287 1:16.548
7. Alonso Renault (B) 1:16.646 1:15.827 1:16.852
8. Trulli Toyota (B) 1:16.306 1:15.598 1:17.203
9. Webber Red Bull-Renault (B) 1:16.074 1:15.745 1:17.343
10. Coulthard Red Bull-Renault (B) 1:16.086 1:15.839 Без време
11. Glock Toyota (B) 1:16.285 1:15.907
12. Button Honda (B) 1:16.259 1:16.101
13. Heidfeld BMW Sauber (B) 1:16.650 1:16.455
14. Nakajima Williams-Toyota (B) 1:16.756 1:16.479
15. Barrichello Honda (B) 1:16.208 1:16.537
16. Bourdais Toro Rosso-Ferrari (B) 1:16.806
17. Piquet Renault (B) 1:16.933
18. Vettel Toro Rosso-Ferrari (B) 1:16.955
19. Sutil Force India-Ferrari (B) 1:17.225
20. Fisichella Force India-Ferrari (B) 1:17.823