Според одредени медиуми синот на седумкратниот светски првак се подготвува за потпис со Ферари. Италијанските медиуми на големо се пофалија дека синот на Михаел Шумахер е пред потпис со тимот од Маранело и би се приклучил на јуниорската програма на овај тим. Италијанските новинари тврдат дека Мик веќе одбил иста понуда од Мерцедес и дека наводно е подготвен да го облече црвениот „дрес“.

За жал, заради познатата состојба на Михаел Шумахер, неговиот син мора да ја гради својата кариера без совети на најдобриот пилот во светот на Формула 1. Мик го покажа својот раскошен талент победувајќи во Фомрула 3 оваа година. Веднаш после завршувањето на првенството се појавија вести дека со тоа си го осигура местото во Торо Росо(јуниорскиот тим на Ферари).

Според пишувањето на италијанскиот “Моторспорт“ Мик се одлучил на овој потег пратејќи го брзиот развој и успесите на Шарл Леклерк кој догодина го заменува Раиконен во Ферари.

На прашањето на новинарот на “Моторспорт“ дали за скоро тимот од Маранело ќе има намјлад возачки пар во Формула 1 шефот на тимот Маурицио Аривабене се насмевка на лицето кратко рече: „Времето ќе ви одговори“.

OhridNews