Тимот на Ферари со низа свечености ја одбележа јубилејната 1000 трка во Формула 1 шампионатот. За издвојување е поканата од Ферари до Мик Шумахер да го вози болидот од својот татко Михаел Шумахер од 2004 година.
Секогаш беше сон да се вози овој болид. Имав шанса да го пробам во Хокенхајм минатата година, но сега во Муџело без дожд. Вистинска чест, благодарност до Ферари за шансата. – изјави Мик.
Мик Шумахер е лидер во Формула 2 шампионатот на три трки пред крајот со осум поени пред уште еден јуниор на Ферари, Калам Илот. Постојат шпекулации дека тој во 2021 ќе влезе во Формула 1 преку тимот на Алфа Ромео.
OhridNews