Актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон и Мерцедес ќе си пуштат рака за нова соработка, информира новинарот на „РТЛ“, Феликс Хорнер. Тој наведува дека двете страни се наоѓаат во финални преговори и следниве денови ќе ја офијализираат новата соработка.
Проблемот ќе биде решен во следните неколку дена. Двете страни сакаат да работат заедно. Хамилтон сака да ја освои осмата титула. Затоа, договорот ќе биде потпишан до крајот на јануари. – стои во објавата на Хорнер.
Хамилтон во моментов е слободен агент – неговиот договор со тимот истече минатата година. Тој и извршниот директор на Мерцедес, Тото Волф, во повеќе наврати ја изразија својата желба да ја затворат зделката, но постојано го одложуваа потпишувањето.
Волф неодамна објави дека работата ќе биде затворена до претсезонските тестови во Бахреин, кои се закажани за средината на март.
OhridNews