Новата сезона во Формула 1 ќе започне во Австралија, ќе заврши во Абу Даби, а единствена промена е менувањето на датите на трките во Мексико и САД.

Трката за голема награда на Мексико ќе се одржи на 27 октомври, додека во САД една недела подоцна. Сезоната која заврши прво на програмата беше трката во САД, а потоа во Мексико. Почетокот и крајот остануваат не променати. Новата ќе започне на 1 март, а ќе заврши на 1 декември.

Пред недела дена Ф1 тимовите ги објавија и пилотите кои ќе се натпреваруваат. Титулата во новата Ф1 сезона ќе ја брани Хамилтон, а кај конструкторите тимот на Мерцедес.

Распоред на трките во Ф1 за 2019 година:

17.март: ГН на Астралија, патека „Алберт парк“

31.март: ГН на Бахреин, патека „Шахир“

14.април: ГН на Кина, патека „Шангај“

28.април: ГН на Азербејџан, патека „Баку“

12.мај: ГН на Шпанија, патека „Монтмело“

26.мај: ГН на Монако, патека „Монте Карло“

9.јуни: ГН на Канада, патека „Жил Вилнев“

23.јуни: ГН на Франција, патека „Пол Рикард“

30.јуни: ГН на Австрија, патека „Ред Бул ринг“

14.јули: ГН на Велика Британија, патека „Силверстон“

28.јули: ГН на Германија, патека „Хокенхајм“

4.август: ГН на Унгарија, патека „Хунгароринг“

1.септември: ГН на Белгија, патека „Спа Франкошамп“

8.септември: ГН на Италија, патека „Монца“

22.септември: ГН на Сингапур, патека „Марина Беј“

29.септември: ГН на Русија, патека „Сочи“

13.октомври: ГН на Јапонија, патека „Сузука“

27.октомври: ГН на Мексико, патека „Ерманос Родригес“

3.ноември: ГН на САД, патека „Остин“

17.ноември: ГН на Бразил, патека „Интерлагос“

1.декември: ГН на Абу Даби, патека „Јас Марина“

OhridNews