Британскиот тим прави се што е во негови можности да се врати на старите славни патеки. За трката во Монако носи нов сет на делови. Со овај потег се планира да се продолжи по патот на унапредување на болидот, односно да го продолжи трендот на развојот од трката во Шпанија, така да и во следната трка во Монако носи нови делови. На патеката во Каталуња се забележуваа нови спојлери, нов под и некои елементи на шасијата, а тоа му помогна на Алонсо да заврши на седмото место во квалификациите. 

Охрабрен од овој потег, тимот од Милтон Кинс во Монако тежи да има уште подобар болид, посебно за оваа патека затоа што квалификациите се клучни за крајниот пласман.

“Се реорганизиравме и составивме нов тим на инженери кои работат на многу високо оперативно ниво. Односот помеѓу патеката, воздушниот тунел и компјутерската анализа изнесуваше 95%. Она што го видовте на нашиот болид во Шпанија е само дел од првиот пакет, а во Монако имаме втор пакет на унапредување.“ – изјави Ерик Булиер.

OhridNews