Механичарот Франческо Сигарини кој настрада од невнимателноста на Кими Раиконен во боксот на Ферари на трката во Бахреин успешно беше опериран во една од болниците во Бахреин. На механичарот му настрада левата подколеница која претрпе две скршеници од силината на ударот од болидот управуван од Раиконен.

После успешната операција Сигарини се огласи на социјалните мрежи со охрабрувачка порака до сите кои му испратиле поддршка и до екипата на Ферари. 

– Најлошото помина. Јас сум успешно опериран и од срце сакам да им се заблагодарам на докторите и целиот медицински персонал во болницата. Сепак, победата на Фетел и Ферари е најбитна, а јас ќе се опоравам многу побрзо од очекуваното. Се гледаме и поздрав до сите ! – стои во објавата на Сигарини. 

Тој по комплетирањето на документите ќе биде екстрадиран во Италија, каде ќе продолжи со закрепнувањето од страотната повреда.

OhridNews

Раиконен: Воопшто не го забележав механичарот

Ф1: Страшен инцидент во „боксот“ на Ферари (видео)