Името на новокрунисаниот четирикратен светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, се појави во „Парадајс пејперс“, документите во кои се открива како светската елита го „крие“ своето богатство.

Документите посочуваат дека Хамилтон преку офшор-компании се „штител“ од плаќање на високиот данок од 3.27 милиони фунти за купувањето на својот приватен авион „Бомбардиер ЦЛ605 челенџер“.

Возачот на Мерцедес го купил авионот во 2013 година преку низа офшор-компании од Британските Девствени Острови, Гернси и Островот Мен, избегнувајќи плаќање данок во Велика Британија. Хамилтон си замина од Обединетото Кралство пред повеќе години за да има престојувалишта во Монако и во Швајцарија.

Според „Сандеј тајмс“, возачот на Мерцедес има лично богатство од 131 милиони фунти.

„Макфакс“
OhridNews