Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон ќе стартува од првата позиција на трката „Спа“ за големата награда на Белгија. Со најновиот пласман на пол позицијата Хамилтон стигна до 68-та во кариерата и се изедначи со Михаел Шумахер, кој пред неколку години беше недостижен. 

Веднаш зад Хамилтон од второто место ќе тргне Себастијан Фетел од тимот на Ферари. Од вториот ред ќе стартуваат Валтери Ботас и Кими Раикокен, а од третиот Макс Верстапен и Даниел Рикиардо. Потоа следуваат Нико Хулкенберг, Серхио Перез, Себастијан Окон и Палмер.

Пред трката „Спа“ во Белгија, Фетел има водство во генаралниот пласман со 202 бодови. Второпласирани е Хамилтон со 188 поени, а на третата позиција се наоѓа Ботас со 169.

OhridNews