Возачот на Мекларен Ландо Норис стигна до првата победа во кариерата во Ф1 откако славеше на трката за Големата награда на Мајами, САД.

До првата победа Норис стигна во 110 трка во кариерата. Тој и Саинц се единствените кои усеаја да го победат Макс Верстапен во последната година. Холанѓанецот во болидот на Ред бул кој водеше во голем дел од трката заврши втор, а трет на целта пристигна пилотот на Ферари Леклер.

Клучен момент беше излегувањето на беџбедносното возило на патеката, а при рестартот Норис го презеде водството и не го испушти до крај.

Верстапен води во генералниот пласман на возачите со 136 бода пред Перез со 101. Леклер е трет со 98.

Следната трка се вози на 19 мај во Италија на патеката “Енцо и Дино Ферари” за Големата награда на Емилија Романа.

Г.М.