Бразилецот Фелипе Маса му ја подари победата на тимскиот колега од Ферари, Фернадо Алонсо на ГН за Германија, на патеката во Хокенхајм. За “црното коњче“ ова е втора еден – два победа сезонава.


Место на подимуот обезбеди Себастијан Фетел, кој ја предводеше трката од стартот. Поени уште освоија Луис Хамилтон (Мекларен) , Џенсон Батон, Марк Вебер, Роберт Кубица, Нико Розберг, Михаил Шумахер и Витали Петров.

Луис Хамилтон (Мекларен) води во генералниот пласман со 157 бодови пред Џенсон Батон (Мекларен)  142, следуваат двата Ред Була на Вебер и Ветел со по 136 бодови, Алонсо (Ферари) 123, Нико Розберг (Мерцедес) 94, Кубица (Рено) 89, Маса (Ферари) 85, М. Шумахер (Мерцедес) 38 итн.

Во конкуренција на конструктори пласманот сега е: Мекларен 300 бодови, Ред Бул 272, Ферари 208, Мерцедес ЏиПи 132, Рено 96, Форс Индиа 47, Вилијамс 31, БМВ Заубер Ферари 15, Страјкер Ферари 10. 

Ohridnews