Кими Раиконен му ја украде пол позицијата на Фернандо Алонсо пред домашната публика за помалку од една десеттинка од секундата.

Актуелниот светски шампион го превзеде водството од двократниот светски шампион  во последните моменти од квалификациите за Г.Н. на Шпанија.

Од вториот ред на утрешната трка ќе тргнат Фелипе Маса и Роберт Кубица.  

Зад нив ќе тргнат возачите на Мекларен Мерцедес, Луис Хамилтон и Хеики Ковалаинен. Марк Вебер од Ред Бул ќе стартува како седми, а осмото место го освои Јарно Трули од Тојота. Деветти заврши Ник Хајдфелд од БМВ Заубер, а десетто место го завзеде Нелсон Пике Јуниор од Рено.

Првата квалификациона сесија помина без инциденти. По истекот на времето од 15 минути Дејвид Култхард, Себастијан Фетел, Џанкарло Фисикела, Адријан Сутил, Ентони Дејвидсон и Такума Сато беа возачите кои испаднаа.

Додека на крајот на втората сесија возачите кои не успеаа да обезбедат пласман во финалната квалификациона сесија беа Рубенс Баричело, Казуки Накаџима, Џенсон Батон, Тимо Глок и Себастијан Бурде.

Г.Н. НА ШПАНИЈА – КВАЛИФИКАЦИИ

 П.  Возач         Тим                  К1        К2        К3
1. Raikkonen Ferrari 1:20.701 1:20.784 1:21.813
2. Alonso Renault 1:21.347 1:20.804 1:21.904
3. Massa Ferrari 1:21.528 1:20.584 1:22.058
4. Kubica BMW Sauber 1:21.423 1:20.597 1:22.065
5. Hamilton McLaren-Mercedes 1:21.366 1:20.825 1:22.096
6. Kovalainen McLaren-Mercedes 1:21.430 1:20.817 1:22.231
7. Webber Red Bull-Renault 1:21.494 1:20.984 1:22.429
8. Trulli Toyota 1:21.158 1:20.907 1:22.529
9. Heidfeld BMW Sauber 1:21.466 1:20.815 1:22.542
10. Piquet Renault 1:21.409 1:20.894 1:22.699
11. Barrichello Honda 1:21.548 1:21.049
12. Nakajima Williams-Toyota 1:21.690 1:21.117
13. Button Honda 1:21.757 1:21.211
14. Glock Toyota 1:21.427 1:21.230
15. Rosberg Williams-Toyota 1:21.472 1:21.349
16. Bourdais Toro Rosso-Ferrari 1:21.540 1:21.724
17. Coulthard Red Bull-Renault 1:21.810
18. Vettel Toro Rosso-Ferrari 1:22.108
19. Fisichella Force India-Ferrari 1:22.516
20. Sutil Force India-Ferrari 1:23.224
21. Davidson Super Aguri-Honda 1:23.318
22. Sato Super Aguri-Honda 1:23.496