Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен не го криеше задоволството од болидот после победата на трката „Сепанг“ за големата награда на Малезија. Холанѓанецот стигна до вториот триумф во кариерата и остварен во достав возбудлива трка.

– Од самиот старт чувството беше феноменално. Приметив дека Луис се мачи со тракцијата и проклизува повеќе од мене. Ја користев батеријата колку можев повеќе, тој можеше да изгуби многу повеќе во нашиот дуел во првиот свиок. После тоа јас го диктирав темпото, трката беше тешка но на крајот бев пресреќен со победата. Што се не поминав со мојот татко, Ред Бул ни даде шанса и еве не сега овде со шампањско. – изјави Верстапен.

Во моементов Луис има 34 бодови предност пред Ветел, но опоменува дека Мерцедес мора да се поправи во одредени сегменти. – Трката беше тешка, а Ред Бул едноставно имаше предност. Сакам да возам на оваа патека затоа што е тешка и бара големо мајсторство. Целиот викенд имавме проблеми со болидот, а со тоа и многу работа. Има уште доволно трки до крајот и може се да се случи. На некои сигурно можиме да победиме и мораме да продолжиме да ги поправаме перформансите. – потенцираше Британецот во редовите на Мерцедес.

Колегата на Верстапен, Даниел Рикардо смета дека Ферари се подобри, но проблемите си го направија своето. – Мислам дека Себастијан го покажа правото темпо и да беше све во ред со нивниот тим ние ќе немавме никакви шанси за овај успех. Имавме шанса која ја искористивме и верувам дека во Јапонија и САД ќе бидиме подобри. Денеска мојот старт не беше лош, па имав борба со Ботас кој успеав да го претекнам од надворешната страна. Сепак позади него изгубив доста време и не успеав да го притиснам Луис. Имав подобро темпо на супер меките пневматици во однос на меките, но успеав да се одбранам од нападите на Ветел. Макс беше перфектен. – додаде Рикардо.

Себастијан Фетел е лут на потегот на Строл откако заврши трката. Сепак FIA не казни никого после овај инцидент. 

– Генерално сум задоволен од резултатот. Се недевам дека малерите ги оставивме во Сепанг. Но никако неможам да бидам задоволен од она што го направи Строл. Отидов на надворешната страна од патеката да ги “соберам“ остатоците од гумите. Мислам дека и тој ја имаше истата намера но заборави да погледне во ретровизорите. Имавме крајно непотребен инцидент и огромни оштетувања на мојот болид. После ова незнам во каква состојба ќе биде менувачот но се надевам и ова ќе го пребродиме. Мислам дека имаме одличен болид и ако стартуваме при врвот можиме без проблем да победуваме. Тоа денес не беше случај но мислам дека мојот болид покажа колку сме отидени напред. – истакна Германецот.

OhridNews