На промоцијата на новиот болид за сезоната 2023, на 14 февруари, Ферари привлече големо внимание кај стручњаците во овој спорт. Под страничните канали за ладење на моторот Ферари стави и вертикални вшмукувачи на воздух. Всушност се работи за целосен систем за ладење наречен S-duct систем.
Минатите години овој систем беше поставен на носот на болидот и стручњаците тврдат дека друг тим тешко ќе може да го копира S-duct, кој е поставен до хало системот на страните.
Новиот Ф23 прв го проба Шарл Леклерк, извозувајќи само еден круг, додека Карло Сајнц сврте два круга повеќе. Потоа Фиорано имаше дводневни тестови. Се возеа 100 км за проверка на сите системи пред првиот официјален тест во Бахреин.
И покрај тоа што тимот од Маранело се задржа на концептот на минатогодишниот болид Ф15, новиот е темелно дограден со повеќе перформанси во однос на издржливоста, а посебно намалување на трошење на пневматиците на Пирели, што минатата година беше сериозен проблем во вториот дел од сезоната.
OhridNews