Јапонскиот производител се бори не само да ја зголеми силата на моторот туку и воопшто за опстанок во F1.

И покрај големите шпекулации околу идната соработка на Хонда и Мекларен јапонците на секој начин се трудат да го подобрат моторот. Токму тие немаа никаков проблем на трката во Унгарија што е показател дека се во добар правец на развој на мјоторот. И покрај овие подобрувања Хонда најави и нова спецификација после паузата.

– Сакаме да продолжиме со подобрување на перформансите но мораме да признаеме дека е тешко да го “фатиме“ Ферари или Мерцедес. – изјави Јусике Хасегава и додаде – На крајот на сезоната сакаме да биеме пред Рено. Во овој момент возачите се задоволни со владеењето на моторот но сега се бориме за повеќе сила. На тоа работиме за време на паузата.

Мекларен се уште нема донесено одлука за следната година дали ќе вози со Хонда мотори или ќе е во потрага на нов добавувач на мотори. Се очекува тоа да го соопшти на крајот на септември.

OhridNews