Пилотот на Мерцедес Луис Хамилтон, ја продолжи доминацијата во Формула 1, победувајќи на трката за големата наградата на Бахреин. Хамилтон, прв низ целта помина, пред двоецот од Ред Бул Марк Верстапен односно Александер Албон.
Новиот триумф на Хамилтон, падна во сенка од страотниот судир кој го имаше пилотот на Хас Роман Грожан, уште на стартот од трката. Французинот имаше многу среќа и помина без посериозни повреди, само со мали изгореници на телото, откако неговиот болид се удри во ѕидот и експлодираше.
WHAT THE F.UCK?? OH MY GOD! PLEASE… pic.twitter.com/PKfJOG74gk
— ?1???? (@f1cult) November 29, 2020
Сите бевме шокирани после неговиот удар во ѕидот. Посакувавме само да биде се во ред Грожан, друго ништо не ни беше важно. Има мали изгореници на телото и е потресен, но најважно е што неговата здравствена состојба е стабилна. – изјави првиот човек на Хас, Гинтер Стеинер.
Трката после судирот на Грожан беше прекината, а потоа продолжена. Хамилтон во хаотичната трка во Бахреин беше најсконцентриран и успеа да победи.
Првата петорка во Бахреин ја комплетираа Ландо Норис и Карлос Сајнц, кои возат за тимот на Мекларен.
OhridNews