Светскиот вицепрвак, Луис Хамилтон ја извојува првата победа во новата Формула 1 сезона, откако доминатно ја помина патеката во Шангај за големата награда на Кина.
Пилотот на Мерцедес доминираше од почетокот до крајот на трката која ја стартуваше од пол позицијата. Во ниту еден момент пилотите кои се менуваа на втората позиција не ја загрозија 54-та победа на Хамилтон вкупно, инаку 5-та на кинеското гран при.
Себастијан Фетел на стартот ја загуби втората позиција, но како што одминуваше трката тој беше се подобар и на крајот заслужено се најде после побендикот на подиумот.
„Големата тројка“ на трката во Шангај за наградата на Кина ја комплетираше Макс Верстапен од тимот на Ред Бул кој ги издржа налетите на својот клупски колега Даниел Рикардо во финишот.
Петторката во Кина ја заокружи Кими Раиконен, додека бодови уште освоија Валтери Ботас (Мерцедес), Карлос Сајнц Јуниор (Торо Росо), Кевин Магнусен (Хас), Серхио Перез (Форс Индијана) и Естебан Око (Форс Индијана).
После две трки во новата сезона Хамилтон и Фетел имаат по 43 бодови на табелата, третопласиран е Верстапен со 25 поени, а четврти е Ботас со два поени помалку.
Следната трка во Ф1 шампионатот се вози за една недела во Бахреин.
OhridNews