Седумкратаниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон ќе ја пропушти трката за големата награда на Бахреин, откако доби позитивен тест на вирусот ковид -19.
Хамилтон минатата недела имал три негативни тестови, но после победата во Бахреин се пожалил на покачена телесна температура. Веднаш бил тестиран и добил позитивен исход, информираат од „Скај Спорт“. Хамилтон според протоколите веднаш е префрлен во самоизолација.
Тимот на Мерцедес во текот на денов или најдоцна до утре, треба да ја објави замената за Хамилтон. Резервни пилоти во Мерцедес се Стофел Вандорн и Естабан Гутиерес.
За Хамилтон ова ќе биде прво отсуство од трка во Ф1 шампионатот во 14-годишната кариерата. Британецот до сега започнал вкупно 265 трки.
OhridNews