Во пресрет на утрешната трка на Силверстон редно е да се потсетиме на еден од најголемите генијални потези на оваа патека и во историјата на авто-мото спортот.
Во 2002 година Михаел Шумахер беше водечки со предност од 20 секунди пред вториот Мика Хакинен, кога 3 кругови пред крајот доби казна stop-go. Бидејќи тоа не го направи во текот на двата круга на крајот, влезе во последниот круг кога сите мислеа дека конечниот пласман ќе добие разврска од страна на телата на FIA. Заради големата разлика во предноста се шпекулираше дека Ферари оди на додавање на секунди после трката на конечното време. ( тогаш можеше да се бира тоа).
Шумахер направи нешто тотално непредвидливо. Ако одеше претходно на одработување на казната покрај тие „стоечки“ 5 секунди ќе изгубеше уште 20-тина при влегување и излегување, а со тоа и првото место. Одлучи да влезе во последниот круг кога влегувајќи во боксот ја помина стартно целната линија и истовремено одработи 5 секунди и остана на првото место. Судиите не можеа да најдат прекршување на правило така да Германецот го задржа првото место.
Ова е само еден од генијалните потези на Михаел кој ги натера челниците на FIA да менуваат правилник, што не е единствен случај заради Шумахер да се менуваат правилници и правила во овој спорт. Германецот ги принуди луѓето од FIA да го сменат правилникот во однос на бодувањето во 2002 година кога стана петти пат шампион (трет пат по ред) за Ферари. Имено таа година Михаел ја „заврши“ сезоната шест трки пред крај на шампионатот кога ги осиромаши организаторите на трките за милијарди долари. Таа година Германецот освои 144 бодови, скоро дупло повеќе од второ пласираниот Баричело неговиот тимски колега.
OhridNews