Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон додаде 25 бодови на своето конто, откако триумфираше за големата награда на Сингапур.
Хамилтон со третата победа на трката во кариерата, инаку седма сезонава и вкупно 60-та во својата историја го зголеми водството пред пилотот на Ферари, Себастијан Фетел, кој не ја заврши трката. Фијаското на Ферари го комплетираше Кими Раиконен, кој исто така не ја заврши трката во Сингапур.
Таквиот развој на настаните го искористија Даниел Рикиардо од Ред Бул, кој финиширае на втората позиција и Валтери Ботас (Мерцедес), кој се искачи на третата позиција на пиедесталот.
На четвртата позиција финишираше Карлос Сајнц Јуниор (Торо Росо), а првата петторка ја заокружи Серхио Перез од тимот на Индијана Форс.
Хамилтон со целиот плен од Сингапур се одлепи цели 28 бодови од Фетел, кој сега има (не)возможна мисија во трката за титулата.
Следната трка во Ф1 шампионатот се вози во Малезија.
OhridNews