Германскиот пилот Себастијан Фетел и италијанскиот тим Скудерија Ферари ќе се разделат по завршување на оваа година, откако двете страни не најдоа заеднички јазик за продолжување на соработката.

Фетел и Ферари долго време преговараа и вистинско зачудување владее кај Ф1 фановите од ваквиот исход. Не е познато каде „запнале“ преговорите, со што завршила соработката.

Ова е заедничка одлука. Двете страни сметаат дека е вака најдобро. Не беше лесно да се донесе, но таков е спортот. Не постои некоја конкретна причина за разделувањето, туку дека е дојдено време за различни патишта. – изјави директорот на Ферари, Матија Биното.

Фетел во Ферари се пресели во 2015 година од тимот на Ред Бул. Германецот во италијанскиот клуб не успеа да ги повтори успесите од претходниот тим, каде ги освои титулите.

За наследник на Фетел во Ферари најсериозен кандидат е Карл Сајнц Јуниор од Мекларен. Фетел, можеби ќе се врати во Ред Бул или ќе го засили Мекларен.

OhridNews