Себастијан Фетел изјави дека губењето на шампионската титула не му одзеде ни малку од ентузијазмот за следната сезона. До летната пауза делуваше дека Фетел ќе биде со сигурност светски првак оваа година, добро му парираше на Луис Хамилтон и беше на првото место во генерален пласман. Сепак италијанскиот тим и Фетел во вториот дел од сезоната заради сопствени грешки го изгубија чекорот со ривалот. Но и покрај тоа Фетел е и понатаму задоволен со она што се направи во оваа сезона.

– Мислам дека оваа година беше доста позитивна. Никој не очекуваше да бидиме толку силни. Направивме голем чекор напред и бевме конкурентни цела сезона. Секако дека не бевме без проблеми но на крајот сме задоволни. – изјави Фетел.

Екипата од Маринело последната шампионска титула ја има освоено во далечната 2008 година во конструкторска конкуренција, а една година пред тоа Кими зеде титула во конкуренција на возачи.

– Минатата година не бевме конкурентни зато што не го развивавме болидот доволно, како за оваа година. Ако се присетиме каква шанса тогаш пропуштивме, сега мора да им одадеме почит на сите од екипата за оваа година. Чувствуваме дека сме појаки и се надевам дека овај момент можеме да го пренесиме и во следните године. Цел ни е да го вратиме Ферари таму каде што припаѓа. – заврши германскиот возач.

OhridNews