FIA случајот Фетел го затвори. Инцидентот кој се случи на рестартот на трката во Баку во свиокот 15 кога германецот налета на Хамилтон, а после тоа намерно го удри во “расправија“, доби конечен епилог. За време на трката Фетел доби казна од 10 секунди stop and go во својот бокс, но висеше одлука за дискваликификација од една трка.
Германецот на својот 30-ти роденден мораше да се појави со шефот на ферари, Маурицио Аривабене, во седиштето на FIA во Париз на состанок со Чарли Вајтинг повод инцедентот кој го предизвика.
FIA како највисоко тело за организација на мото трките одлучи да нема понатамошни санкции за возачот на Ферари на кого му претеше дисквалификација на една трка. Фетел мораше да се прифати дека во следните 12 месеци ќе го посвети дел од своето време во едукативни активности во дел од настаните кои ги организира FIA, во кои влегуваат и Формула2, Формула3 и останатите серии.
Крајниот еполог е актуелниот , односно Фетел останува на прво место со 14 бодови предност пред Хамилтон.
OhridNews