Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел триумфираше на трката „Алберт Парк“ во Мелбурн за големата награда на Австралија која означи почеток на новата сезона во Формула 1.
Германецот на подиумот се искачи пред дуото од Мерцедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас кои заедно со екипата тактички потфрлија во првата трка во новиот Ф1 шампионат.
Фетел тактичките грешки во боксот на Мерцедес ги искористи и ја забележа првата победа после две сезони за голема радост на навивачите од Ферари.
Одлично деби во болидот на Мерцедес имаше Ботас кој немаше сили да ги загрози Фетел и Хамилтон на првите две позиции.
Покрај тројцата пилоти на подиумот бодови освоија Кими Раиконен (Ферари), Макс Верстапен (Ред Бул), Филипе Маса (Вилијамс), Серхио Перез (Индијана Форс), Карлос Сајнц Јуниор (Торо Росо), Даниел Квит (Торо Росо), Естебан Окон (Форс Индијана).
Следната трка од Ф1 циркузот се вози за две недели во Шангај за голема награда на Кина.
OhridNews