Германецот Себастијан Фетел е позитивен на Ковид-19 и ќе ја пропушти првата трка од новата сезона која в недела ќе се вози за Големата награда на Бахреин, а негова замена во екипата Астон Мартин ќе биде сонародникот Нико Хулкенберг.
Од минатата недела кога почнаа претсезонски тест возења, Фетел е втор возач, кој е позитивен на коронавирусот по Австралиецот Даниел Рикардо (Мекларен), кој во меѓувреме оздраве и ќе настапи на трката во Бахреин.
Првата овосезонска трка во Формула 1 е на програмата в недела со почеток од 16 часот по средноевропско време, додека квалификациите се ден претходно.
OhridNews