Германскиот пилот во редовите на Ферари, Себастијан Фетел ја забележа втората победа сезонава триумфирајќи на гран при трката за големата награда на Бахреин.
Фетел првото место на подиумот го обезбеди пред двоецот на Мерцедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас кој трката ја стартуваше од првата позиција.
Четврти низ целта мина клупскиот колега на Фетел, Кими Раиконен, а најдобра петорка ја комплеитираше Даниел Рикардо од тимот на Ред Бул.
Од шестата до десеттата позиција се пласираа Филипе Маса (Вилијамс), Серхио Перес (Форс Индијана), Роман Грожан (Хаас), Нико Хулкенберг (Рено) и Естабан Око (Форс Индијана).
Со триумфот на Фетел и пласманот на Хамилтон на втората продолжува мртвата трка помеѓу овие два пилоти кои се добри и блиски пријатели надвор од Ф1 патеките.
Следна трка во шампионатот се вози во Русија на 30 април.
OhridNews