Пилотот на Ред Бул, Себастијан Фетел ќе тргне од пол-позицијата на трката за Големата награда на Велика Британија. Друштво на Фетел во првата линија ќе му прави неговиот тимски колега австралијанецот Марк Вебер.


Од вториот ред, ќе стартуваат Фернандо Алонсо од Ферари и Луис Хамилтон од Мекларен, додека бранителот на титулата Џенсон Батон ќе тргне од 14 – та позиција.

Луис Хамилтон има 127 бода и е прв во генералниот пласман, пред Батон кој има 121 бод, а Фетел е трет со 115 бода. Следат Вебер со 103, Алонсо со 98 и Роберт Кубица со 82 бода.

Ohridnews