Тркачкиот директор на Ферари, Лорент Микес изјави дека нема да се користат оваа година премногу податоци од 2020 година.

Како што е познато FIA и FOM решија да ја задржат конструкцијата од минатогодишните правила со одредени дозволи само за модификација. Заради таа причина се воведе токен систем преку кој тимовите можат да работат на одредени модификации. Во овој поглед најмногу има напредува Ферари кој успеа многу да го измени својот болид па затоа нема потреба да ги користи податоците од минатата година.

Како е така е оваа година, имаме одредени промени на правилата, – рече Мекис, кој додаде – „Сега имаме многу помал аеродинамичен потисок. Исто така и гумите се многу по различни од минатата. Затоа ги анализираме податоците од Бахреин за да го примпремиме болидот за следната трка од причина што во Имола патеката е крајно различна од оваа. Од  прилика така ќе работиме цела година без многу да ги користиме податоците од 2020 година.

OhridNews