Пилотот на Мекларен Оскар Пијастри триумфираше на трката за Големата награда на Кина, што се возеше рано утрово по македонско време.
Пијастри имаше одличен ден контролирајќи ја трката од почеток до крај. Втор на целта пристигна неговиот тимски колега Ландо Норис, а подиумот го комплетираше Џорџ Расел од Мерцедес.
5 laps to go ⌛#McLaren | #ChineseGP 🇨🇳 pic.twitter.com/yhNyGhTXMN
— McLaren (@McLarenF1) March 23, 2025
Тоа беше неверојатен викенд, болидот беше прилично добар. Денес беше изненадување, колку поинаку се однесуваа гумите. Се чувствувам како она што го заслужив од минатата недела. Многу, многу среќен само, да, многу среќен, изјави по трктата Пијастри.
Шампионот Макс Верстапен се опорави по лошиот старт и трката ја заврши на 4 место пред возачите на Ферари Леклерк и Хамилтон. Окон беше брилијантен и заврши седми, осми беше Антонели, девети Албон, а Берман десетти.
Следната трка ќе се вози за Големата награда на Јапонија на 6 април на легендарната патека Сузука
Г.М.