Тимот на Ферари доминираше на патеката „Хунгароринг“ за големата награда на Унгарија освојувајќи ги првите две позиции на пиедесталот. Себастијан Фетел финишираше прв, Кими Раиконен втор, а водечката тројка ја комплетираше Валтери Ботас од Мерцедес.

За Германецот ова е четврта победа сезонава, инаку втора во историјата на „Хунгароринг“. Фетел ја зголеми на 14 бодови предноста пред Хамилтон кој трката во Унгарија ја заврши на четвртата позиција.

Петторката ја комплетираше Макс Верстапен од Ред Бул, а пласман во ТОП 10 обезбедија Фернандо Алонсо, Карлос Сајнц Јуниор, Серхио Перез, Естебан Окон и Штофел Вандорне.

Следната трка во Ф1 шампионатот се вози патеката „Спа“ за големата награда на Белгија.

OhridNews