Германскиот пилот во Ферари, Себастијан Фетел ги освои првите 25-ет бодови на своето конто триумфирајќи на патеката „Алберт Парк“ во Мелбурн за големата награда на Австралија.

Фетел на пиедесталот на првата трка во новата се искачи пред пилотот на Мерцедес и актуелен шампион, Луис Хамилтон и клупскиот колега, Кими Раиконен. 48-та победа во кариерата на Германецот му донесе 100-ти пласман помеѓу ТОП 3 со што им се придружи на Михаел Шумахер, Хамилтон и Алан Прост.

Влегувањето на „сејфти кар“ и грешката на Хамилтон беа клучни потези за победа на Фетел, кој после трката дека имал многу среќа на стартот од сезоната. – Имавме среќа и се поклопија коцките за победа. Ова е одличен почеток на новата сезона.

Четврти целната рамнина ја помина Даниел Рикардо (Ред Бул), петти финишираше Фернандо Алонсо (Мекларен), на шестата позиција заврши Макс Верстапен (Ред Бул), а понатаму следуваат Нико Хулкенберг (Рено), Валтери Ботас (Мерцедес), Вандорне (Мекларен).

Следната трка во Формула 1 шампионатот ќе се одржи во Бахреин на 8 април.

OhridNews