Возачот на „Ред Бул“ Макс Верстапен е нов шампион во Формула 1, по победата во супер драматичната последна трка од првенството, што се возеше за Голеламата награда на Абу Даби.

Верстапен во последниот круг од трката успеа да го престигне до тогаш водечкиот Луис Хамилтон, кого само 5000 метри го делеа од рекордната 8-ма титула.

Се почна со драма. Хамилтон кој стартуваше втор уште на стартот го претекна Верстапен кој имаше фантастични квалификации кои му донесоа пол позиција. Веќе на првиот свиот Холанѓанецот возврати, но Хамилтон кој беше принуден да излезе од патеката се врати по скратен пат на лидерската позиција која ја држеше се до последниот круг.

Двајцата возачи во 12 круг ги променија гумите, а потоа Верстапен тоа го направи уште два пати при виртуелен сејфти кар и уште еднаш при кона на патеката беше безбедносното возило на 5 круга до крајот поради оштетен болид на патеката. Секунди пред тоа се чинеше дека Хамилтон е недостижен, бидејќи Британецот имаше огромни 11 секунди предност.

Но, неговиот тим реши да не менува пневматици и Хамилтон остана на истрошените тврди гуми, а Ред Бул го повика Верстапен освежувајќи го неговиот болид за завршните километри со софт гуми. Токму овој момент, во целиот сплет на околности се покажа одлучувачки. По летечкиот старт Верстапен агресивно нападна, го претекна Хамилтон, ги одби неговите напади и стигна до првата титула во кариерата.

Зад Верстапен (395.5) и Хамилтон (387.5) кои водеа голема битка во текот на сезоната, трет во првенството заврши пилотот на Ферари Саинц (226). Кај конструкторите триумфираше Мерцедес, пред Ред Бул и Ферари.

Холанѓанецот стана 34. возач во историјата кој ја освоил титулата светски првак, а рекордери се Луис Хамилтон и Германецот Михаел Шумахер со по седум титули. Аргентинецот Хуан Мануел Фанџо има пет, додека Французинот Алан Прост и Германецот Себастијан Фетел по четири светски титули.

 

Г.М.