Финскиот пилот во редовите на Мерцедес, Валтери Ботас се искачи највиско на подиумот победувајќи на трката за големата награда на Австрија.

Ботас во последните неколку кругови оддолеа на нападите од Себастија Фетел, кој мораше да се задоволи со второто место. За Финецот ова е втора победа сезонава во Формула 1 шампионатот.

Воздишки на трибините имаше во борбата за третата позиција. Пилотот на Ред Бул, Даниел Рикардо ги одбрани сите напади на Луис Хамилтон и заслужено се качи на подиумот.

Првата петторка ја комплетираше Кими Раиконен од Ферари кој задоцни цели 20 секунди од водечките. Пилотот на Хас, Роман Грожан заврши шести, додека од седмото до десетто финишираа Серхио Перез (Форс Индијана), Естабен Окон (Фрос Индијана), Филипе Маса (Вилијамс-Мерцедес), Ленс Строл (Вилијамс-Мерцедес).

По завршувањето на трката во Австрија, Фетел ја зголеми предноста на врвот од табелата пред Хамилтон на 20 бодови, а Ботас со победата се зацврсти на третата позиција.

Следната трка во Ф1 шампионатот се вози во Британија викендов кој доаѓа, односно на 16 јули.

OhridNews