Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас ќе стартува од пол позицијата на трката за големата награда на Австрија. Финецот во борбата за пол позицијата подобар беше од Себастијан Фетел (Ферари), Луис Хамилтон (Мерцедес) и Кими Раиконен (Ферари).

Хамилтон иако регуларно квалификациите ги заврши на третата позиција ќе стартува од осмата поради казната од пет места поради проблемите со болидот и менувањето на уредот за менување на брзини, а неговото место го зазеде Раиконен.

Од четвртата позиција ќе стартува Даниел Рикардо, а петте пилоти ги комплетира Макс Верстапен. Од шестата до десетта позиција се наоѓаат Роман Грожан, Серхио Перез, Хамилтон, Себастијан Окон и Карлос Сајнц.

Трката за големата награда на Австрија е во 14 часот. Во генералниот пласман водечки е Фетел со 153, а второпласиран е Хамилтон со 139 поени. 

OhridNews