Пилотот на Мерцедес, Валтари Ботас со триуфм ја отвори сезоната победувајќи на трката за големата награда на Австрија со која официјално започна новиот Формула 1 шампионат.
Финецот на трката „Ред Бул Ринг“ стигна до осмата победа во кариерата пред Шарл Леклерк (Ферари) и пилотот на Мекларен, Ландон Норис кој прв пат обезбеди пласман на подиумот.
Ова е конечниот пласман, инаку Луис Хамилтон стигна после победникот Ботас на целта. Актуелниот првак е казнет три позиции поради вината за инцидентот со Александар Албон од тимот на Ред Бул. Албон долго време го притискаше Хамилтон кој недозволиво го блокираше противникот. Двајцата се судрија а подебелиот крај го извлече младиот пилот кој со откажување ја финишираше трката.
Вистинско изненадување на првата Ф1 трка е третото место на Норис. Младиот пилот во финишот со најбрз круг на патеката успеа да се пробие на третата позиција и да обезбеди место на подиумот.
Во ТОП 5 место имаше за Карлос Сајнц од Мекларен.
Следната трката исто така се вози во Австрија.
OhridNews