Фантастичниот почеток на новата Ф1-сезона за Ферари, во која оствари две победи во три трки, придонесе Светската автомобилистичка федерација (ФИА) да почне истрага за легалноста на болидот СФ71Х, тврди шпанскиот весник „Марка“.

Причината за истрагата на ФИА била невообичаена – тие забележале дека болидот на италијанскиот тим звучел поинаку на кривините на кинеското ГП по што се јавиле сомнежи дека болидот користи посебно мапирање на моторот со кој издувните гасови се пренасочуваат на задното крило на болидот, нешто што е забрането со аеридинамичките правила.

Претходно, слично решение беше забележано на болидот на Рено, кој видливо го пренасочи ауспухот кон задното крило на болидот. Но, сега, иронично, истрагата против Ферари ја води нивниот поранешен дизајнер, Николас Томбазис.

– Не прифаќаме мапирање на моторот кое се дизајнирана за да се зголеми нивото на гасови во кривините. Ова не е прифатливо и ќе мора да се смени. – вели Томбазис во писмото до сите тимови.

„Марка“ исто така претходно извести дека зад воланот на лидерот во генерален пласман, Себастијан Фетел, во Кина било забележана мистериозна дополнителна рачка.

OhridNews