Техничкиот директор на Ферари изјави дека новиот болид Ferrari SF7OH има широка палета на перформанси.

Познато е дека Ферари во минатата година многу жртвуваше за што полесно да премине во 2017 година. После пет трки со сигурност може да се рече дека ваквиот план на тимот од Маранело успеа и дека новиот болид го остварува сето она што се “бара“ од него.

– Се покажа дека новиот болид е доста добар, пред се на сите патеки и на сите услови дури и на патека како што е Монако. Сега имаме уште појасна слика како треба понатаму да го развиваме болидот и можеме целосно да се посветиме во тој правец. – изјави Матиа Бонито.

И председателот на Ферари, Серџо Марконе го дели истото мислење на својот инжинер и е задоволен со формата на тимот.

– Мислам дека трката во Монако беше многу интересна каде го видовме вистинското лице на Ферари. Морам да ги пофалам возачите, целиот тим и сите оние кои напорно работат за да се случи овај успех. Конечно имаме болид кој може да ги радува своите тифози во континуитет. – заврши Бонито.

OhridNews