Во рамки на спортската рубрика „Ф1 билтен“, во која ќе бидат обработени сите правила во најбрзиот авто-спорт, техничките карактеристики и безбедноста на болидите, случувањата во Ф1 тимовите и интересни моменти и пикантерии кои го пратат светското првенство во Формула 1, денеска, ќе стане збор за спортските правила.
Тестирања
Како што последниве години барањата од техничка гледна точка на FIA, растеа така расте и потребата и важноста на тестирањата. Во 2009 година заради намалува на трошоците FIA ги ограничи тестови на 15 000 км. за целата календарска година. На промотивните настани (само два пати годишно дозволени) тимовите смеат да поминат само 100 км. надвор од тестирачките километри.
Тимовите на тестирањата смеат да учествуваат само со еден болид и мора да се тренираат само во Европа. За надвор од Европа се поднесува посебно барање и треба да се сложат поголем број на тимови. Секој тим е обврзан пред тестирањето да ја извести FIA за распоредот, за да може раководното тело да назначи посматрач. Сите тимови мораат да имаат стандардна електронска единица (ECU, Electronic Control Unit) одобрена од FIA и да имаат положени сигурносни тестови.
Шема за пратење на ECU
Тимовите во 2014 година имаа три тестирања по четири денови и дополнителни четири по два дена на патеките каде се “домаќини“ на трките. За 2015 бројот на дводневните тестови после оддржаната трка од четири се намали на два, а 2016 година намален е бројот на пред сезонските тестирања од три на два по четири денови.
Сите тимови во Август месец мора да ги затворат фабриките за време од 14 последователни денови, период во кој не смеат да ги користат воздушните тунели и погоните каде се испитува динамиката на флуидот (CFD, Computational Fluid Dynamics), во цел на развивање на болидот.
Тестирање со CFD
Од 2014 година во голема мера се ограничени тестирањата во воздушните тунели, како во квалитативна смисла така и во квантитавна. При тестирање во овие тунели, се тестира со модели на болиди кои мора да бидат најмногу 60% од големината на вистинскиот болид, а брзината на струењето не смее да биде поголема од 50 м/с (180km/h). Слични ограничувања важат и за CFD симулацијата.
Воздушен тунел
Тренинзи и квалификации
На сите трки сите возачи се обврзани да учествуваат на двата тренизни во петок (само во Монако се оддржуваат во четврток) од кој секој трае по 90 минути. Исто мора да учествуваат и на еден тренинг во сабота послепладне. За да учествуваат на трката услов е да учествуваат или тренинг или на квалификации неделата.
Квалификациите траат еден час и се составени од три дела ( Q1, Q2 и Q3).
Q1
– 18 минути
– 6 возачи испаѓаат, 16 поминуваат вo Q2
Q2 – 15 минути
– 6 испаѓаат, 10 во Q2
Q3
– 12 минути
– Најбрзиот освојува пол позиција
Возачите кои ќе се пласираат во Q3, трката мораат да ја започнат на сетот на гуми со кои го постигнале најбрзото време во Q2, а останатите можат да бираат сет на гуми.
Примена на правилото на гранично време – правило на 107% :
Пример: Ако најдоборот време во Q3 е 1:46,464, времето се претвора во секунди (60+46,464=106,464 секунди) па се помножува со факторот 1,07 со што се добива граничното време 113,916 секунди односно 1:53,916. Ова значи дека ако некој возач вози поспоро од граничното време нема да може да настапи на трката. (сме имале случаи кога сепак судиите со своја одлука дозволиле).
Во текот на квалификациите ако некој возач му смета на друг, времето може да му се поништи, да стартува последен или па да биде казнет со неколку стартни места поназад.
Пример за пратење на квалификации
OhridNews